Klinikum Magdeburg gemeinnützige GmbH
Birkenallee 34
39310 Magdeburg
www.klinikum-magdeburg.de
Градската клиника во  Магдебург е водечка акутна болница во државата Саксонија-Анхалт во Сојузна Република Германија и поседува широк спектар на услуги кои во различните медицински области  имаат одлична репутација на национално ниво.  Во вкупно 21 одделенија и институти работат  околу 1.850 вработени од скоро целиот спектар на клиничка нега. Во рамките на нашиот директорат за медицинска сестра, предводена од госпоѓа Грит ЦBернеман, имаме потреба од медицински сестри  на скратено  / полно работно време, во ограничен / неограничен работен однос, во хируршките, кардиолошките, гастроентеролошките, невролошките, психијатриските и педијатриските одделениа - како и во интензивна нега, во централната оперативна сала и во просторијата за итни случаи.

 Објава за работа на медицински сестри во Сојузна Република Германија (f/m/d)
Ref.-Nr. 665

Вашите задачи::

  • Независно спроведување на сите активности за максимална нега и грижа на нашите пациенти
  • Базисна, потполна и адекватна нега и грижа  на нашите пациенти
  • Придружба при исполнувањето на лекарската визита

Вашата обука, кватитет и способност:

  • Завршено образование за  медицинска сестра со положен државен испит
  • најмалку една година професионално искуство (пожелно)
  • независен, ориентиран кон пациентот и одговорен начин на работа
  • високо ниво на медицински знаења и емпатија
  • познавање и адекBатна реакција при компликации
  • Сигурност / чувство на одговорност
  • тимска работа


Ви звучи како одлична можност за професионалци како вас? Да така е, тоа е одлична можност за вас. Со нетрпение ја очекуваме вашата апликација. Останатите детали за вашата посакувана работа - на www.klinikum-magdeburg.de/karriere. Ако имате какви било прашања, ве молиме контактирајте со Дирекција за медицински сестри, г-ѓа Грит ЦBернеман, ( германски јазик ) достапна на 00 49 391 791-1001, или со господинот  Д-р Златко Станкоски ( македонски јазик ), достапен на 00 49 391 791 6534,  004915143246768  или на z_stankoski@yahoo.com.